„Блиц“: Грција сепак не го отвори Дојран, а Евзони работи по старо време

 „Блиц“: Грција сепак не го отвори Дојран, а Евзони работи по старо време

„Live from Greece“ објави дека Евзони сè уште работи според старото работно време, односно од седум наутро до 23 навечер.

Граничниот премин Дојран, како што пишува „Блиц“, ќе биде отворен дури в сабота.

„И покрај вестите од грчките медиуми, отворањето на граничниот премин кај Дојран ќе задоцни 2 дена. Ве советуваме да се држите до старите прописи во првите два или три дена“ стои на групата „Live from Greece““.

Првично беше објавено дека од денеска ќе бидат отворени граничните премини Промахонас, Евзони, Ники, Дојран, Кастањес, Кипи, Орменио, Нимфеа, Кристалопиги и Какавија.

>
>