Бочески и официјално се врати на клупата на Охрид!

Она што се очекуваше, што се најавуваше, денеска и се оствари. Драган Бочески и официјално е старо-новиот шеф на струката на Охрид Лихнидос, членот на Втората лига – запад. Да потсетиме дека до крајот на октомври токму Бочески го водеше тимот, потоа на негово место дојде Гоце Толески, за да потоа откако тој си поднесе оставка, раководството на клубот се реши одново да му ја довери клупата на екипата на Охрид на легендата на фудбалот во овој град.

Секако дека Бочески ќе има тешка задача да го извади клубот од долниот дел на табелата во Вората лига – запад во пролетниот дел.

Извор:sportmedia.mk

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds