
Богатај донесе злато за Словенија на Зимските олимписки игри, Крижњар освои бронза (ВИДЕО)
Доминација на ски скокачките од Словенија на првото натпреварување во ски скокови на 24 Олимписки игри во Пекинг.
Урша Богатај и Ника Крижнар обезбедија злато и бронза за селекцијата на Словенија на малата скокалница.
Скоковите од 108 и 100 метри и вкупниот збир на поени 239 беа доволни Урша Богатај да го освои златниот медал на малата скокалница.
Новата олимписка шампионка до сега во кариерата има и сребрен медал од Светскиот шампионат во 2021 година освоен во екипна конкуренција.
На победничкиот подиум имаше место и за освојувачката на србрениот медал Германката Катарина Алтхаус