• 22/09/2020

Боки 13 осуден на девет години затвор, Катица Јанева доби седум години

 Боки 13 осуден на девет години затвор, Катица Јанева доби седум години
loading...
Advertisement

Донесена е конечна пресуда за случајот „Рекет“. Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 доби вкупно девет години затворска казна за двете кривични дела.

Катица Јанева доби казна затвор до 7 години за кривичното дело злоупотреба на службената положба.

На двајцата ќе им се смета и времето поминато во притвор во последните месеци.

Овие одлуки не се правосилни, односно двајцата обвинети имаат право на жалба по пресудата.