„Болниците се преполни, не е време за попуштање на анти-ковид мерките во Србија“, смета член на Кризниот штаб

 „Болниците се преполни, не е време за попуштање на анти-ковид мерките во Србија“, смета член на Кризниот штаб

Ковид болниците во Србија се „преполни“ со пациенти и не е време за олеснување на мерките. Тоа го изјави за Политика, Бранислав Тиодоровиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот. То додава дека ништо не може да се промени се додека не почне ситуацијата да се смирува.

Тиодоровиќ вели дека има многу повеќе заразени отколку регистрирани и дека некои, претежно млади луѓе со поблага клиничка слика, не се јавуваат за тестирање, затоа што не сакаат да бидат во самоизолација.

Тој исто така оцени дека е неопходна добра кампања со цел вакцинацијата да опфати поголем процент од популацијата, што во моментов е најслабата алка

>
>