Борбата за улиците во Струга пред Уставен суд
И седум месеци откако главнaта сообраќајна артерија во Струга стана еднонасочна, општинскиот Совет и градоначалникот Рамис Мерко, водат политичка битка која заврши дури до Уставниот суд. Советот бара да се врати двонасочниот сообраќај, но Мерко е против. Деновиве градот се полни со иселеници кои се враќаат за новогодишните и божиќните празници, па се очекува гужвите на улиците „Пролетерски бригади“ и „15-ти корпус“ да доведат до нов колапс на сообраќајот.
Имено, струшкиот Совет двапати донесе заклучок со кој ù наложува на локалната власт да го врати двонасочниот режим на сообраќај, кој беше донесен уште во 2013 година, но кој Мерко летово го промени.
„Ваквата одлука ја има донесено со единствена цел, левата коловозна лента од овие улици да ја претвори во паркинг простор.“-изјави Aлен Деребан, советник од ВМРО ДПМНЕ.
Но, откако Советот по втор пат донесе иста одлука, градоначалникот ја оспори пред Уставниот суд. Алсат се обиде да го добие Мерко за да ни ги објасни овој негов потег, но тој не ни одговори. Затоа пак, за состојбата зборувата неговите политички противници.
„Имаме реакции и од граѓаните и од бизнисите кои се наоѓаат на овој потег. Имаат сега само еден влез и со тоа тешко се движат на двете страни на градот…“-рече Имер Имери, советник на Алијанса на Албанците.
За проблемот бил информиран и Државниот инспекторат за локална самоуправа, но решение и понатаму нема. Во меѓувреме, граѓаните велат дека живеат во сообраќаен хаос.
Овие улици многу луѓе сега ги користат како свои гаражи, ги паркираат автомобилите. И брза помош и пожарна да дојдат, нема место, бидејќи толку е патот, два метри е, толку е голем.
„Проблемот е голем. Особено патот за Дебар, веќе нема излез. Мораш по уличињата да вртиш за да излезеш на патот за Дебар…“
„Ние што работиме со кафетерии имаме голем проблем. И време се губи и нервози и се прави метеж во сообраќајот.“
Стружани велат поради сегашната ситуација често пати треба да возат дополнително и по неколку километри за да стигнат со крајната дестинација.
извор:ALSAT M