Босанец поради короната го искрши телевизорот, причината е навистина тажна (ВИДЕО)

 Босанец поради короната го искрши телевизорот, причината е навистина тажна (ВИДЕО)

Мирсар Муласмајиќ од Нов Шехер во БиХ беше снимен како го крши својот телевизор и пцуе по коронавирусот.

Но поради оваа постапка стои тешка приказна. Тој открид ека поради пандемијата се нашол во тешка ситуација. Нема работа, сопругата му е болна, а имаат и син од 10 години. Телевизорот го искршил од очај.

-Телевизорот го искршив зашто короната дополнително ми го отежна животот. Не можам во дијаспората, па не можам преку лето да заработам добра дневница. Го направив тоа од очај и бес, вели тој Дневни Аваз.

Раскажа и како се снаоѓа за да преживее.

-Се доведов во ситуација да немам леб за детето. Не работам никаде. Немам никакви примања. Сопругата е болна. Заработувам така што копам гробови. Лошо е вака да се зборува, но се радувам кога некој ќе ме повика да копам, а сепак човек умрел. Денот ни почнува добро ако некоја кокошка снесе јајца. Одгледувам и краставици и ги продавам. Сакам да работам, но сѐ што заработувам го давам за кредит. Не знам како успеваме да преживееме, вели Мирсад.

>
>