• 19/09/2020

Бригадниот генерал Исмаил Гани назначен за наследник на Касем Сулејмани

 Бригадниот генерал Исмаил Гани назначен за наследник на Касем Сулејмани
loading...
Advertisement

– Иранскиот врховниот духовен лидер Али Хамнеи го назначи генералот Исмаил Гани, заменик шеф на силите за операции во странство на Револуционерната гарда, за наследник на убиениот командант Касем Сулејмани, кој утринава загина во воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад од американски воздушен напад.

„По маченичката смрт на славниот генерал Касем Сулејмани, го назначувам бригадниот генерал Исмаил Гани за командант на силите Кудс на Исламскиот револуционарен гардиски корпус“, изјави ајатолахот Али Хамнеи во соопштение објавено на неговиот сајт.

Хамнеи го опишува Гани како еден од „најнаградуваните команданти“ на гардата за време на војната меѓу Иран и Ирак во периодот 1980-88 година.

„Наредбите за силите (Кудс) остануваат точно такви какви што беа за време на раководството на маченикот Сулејмани“, соопшти врховниот верски лидер.

„Ги повикувам членовите на силите да бидат видливи и да соработуваат со генерал Гани и да му посакам божествено благодејствие, прифаќање и раководство”, додаде тој.

Во меѓувреме на улиците на Техеран излегоа десетици илјади лица за да протестираат против американските „злосторства“, пренесоа француските медиуми.

Скандирајќи „Смрт за Америка” и држејќи транспаренти со убиениот командант Касем Сулејмани, демонстрантите по петочната молитва ги преплавија улиците во неколку квартови од центарот на Техеран.