Британско разузнавање: На југот на Украина се формираат борбени линии додека војната се подготвува за „нова фаза“

Британско разузнавање: На југот на Украина се формираат борбени линии додека војната се подготвува за „нова фаза“

Руските сили собираат трупи на југот на Украина пред претстојната контраофанзива на Киев, во услови кога петмесечната војна, се чини, дека влегува во „нова фаза“, објавија денеска британските разузнавачи, пренесува ДПА.

Британското Министерство за одбрана очекува најтешките борби да се префрлат на јужно, кон 350-километарската линија на фронтот што се протега од близина на Запорожје до Херсон, паралелно со реката Днепар.

Запорожје, кое се наоѓа на истата река на југоисток, е дом на украинската нуклеарна централа окупирана од Русија, која е најголема во Европа. Херсон, пак, е поврзан со стратешки важна железничка рута до окупираниот црноморски полуостров Крим.

„Долгите конвои руски воени камиони, тенкови, теренска артилерија и друго оружје продолжуваат да се оддалечуваат од украинскиот регион Донбас и се упатуваат југозапад“, се вели во редовното известување на британското разузнавање.

„Исто така, беше пријавено дека опрема се движи од Мелитопол, Бердијанск, Мариупол, окупирана од Русија, и од континентална Русија преку мостот Керч во Крим.

Велика Британија соопшти дека украинските сили на југот се обидуваат да ги попречат руските рути за снабдување со блокирање, оштетување или уништување на железничката инфраструктура и мостови.

Руското Министерство за одбрана денеска тврди дека биле убиени речиси 600 украински војници и сојузничките сили во неодамнешните воздушни и артилериски напади во регионите Херсон и Дњепропетровск.

– Повеќе од 400 украински војници загинаа во напад на привремена база во близина на селото Билохирка во Херсон, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков. Покрај тоа, повеќе од 70 војници беа убиени и 150 ранети од ракетни напади на други места на фронтот Херсон, рече тој. Повеќе од 80 „странски платеници“ загинаа во ракетни напади во регионот Дњепропетровск, додаде Конашенков.

Тој, исто така, соопшти дека биле уништени неколку украински артилериски системи во изминатиот ден во регионот на Харков, вклучително и напреден повеќеракетен фрлач HIMARS испорачан од САД.

Москва неколку пати во минатото известуваше за уништување на овие системи за оружје, но Киев и Вашингтон  ги негираа таквите тврдења.  (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds