Брнабиќ: Вквата реакција на ЕУ е срамна, Србија се повлекува од самитите на Западен Балкан со Брисел

Брнабиќ: Вквата реакција на ЕУ е срамна, Србија се повлекува од самитите на Западен Балкан со Брисел

Српската премирка, Ана Брнабиќ, реагираше денеска на изјавата на портпаролот на ЕУ; Петар Стано.
Стано денеска ги повика Белград и Приштина да работат во согласност со обврзувачките договори за дијалог како и за итно враќање на косовските Срби во сите институции во Приштина. Реагирајќи на назначувањето на Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање во привремените институции во Приштина, тој рече дека од витално значење е Приштина да ги почитува сите неопходни чекори при назначувањето министри кои ја претставуваат немнозинската заедница.

– Ваквата реакција е срам за ЕУ. Чекавме да видиме што ќе каже ЕУ за именувањето на Рашиќ и дочекавме уште една срамна изјава. Именувањето на Рашиќ не само што е во спротивност со Бриселскиот договор, туку и противречи на волјата на народот изразена на изборите. Повторно прашувам – Приштина по 10 години не го спроведе Бриселскиот договор чиј гарант е ЕУ, откако годинава на Србите во Косово и Метохија им беше ускратено правото на глас, на двапати, на што ЕУ одговори со една реченица во Извештајот за напредокот.

И откако Приштина, со назначувањето на Рашиќ, продолжува да ја игнорира јасно изразената волја на српскиот народ на Косово, ја прашувам ЕУ – каде се овие европски вредности, каде е демократијата, каде исчезнува владеењето на правото? По ваквата срамна изјава на ЕУ, само уште една во низата, нема потреба Србија да учествува на самити за Западен Балкан. Или ЕУ ќе почне да ги почитува вредностите што ги пропагира, или веќе нема потреба Србија да учествува во ваква фарса. Србија првпат нема да присуствува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи на 6 декември во Тирана – изјави премиерката Брнабиќ.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy