Бројот на туристи во Струга расте и во време на пандемија

Бројот на туристи во Струга расте и во време на пандемија

Општина Струга последнава година бележи раст на бројот на туристи за дури 45%, иако е време на пандемија.

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко, оствари средба со директорот за Aгенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јанески и Валентина Переска, одговорно лице за канцеларијата на АППТ во Струга.

Од Општината информираат дека на средбата биле најавени новите планирани чартер летови.

,,Туи Холандија“ – 6, ,,Туи Белгија“- 2, ,,Туи Велика Британија“- 1, ,,Туи Полска“ 1 лет неделно, од крај на мај до крај на септември.

Москва и Санкт Петерсбург до Охридски Аеродром, Киев -Охрид, Варшава и Катовице до Охридски аеродром. Најавени се летови за Охридскиот аеродром и од Истанбул, Измир и Анкара.

Во 2022 година се очекува зголемување на бројот на туристи за 20-30%.

На средбата е разговарало и за престојните саеми и проекти во oбласта на туризмот, туристичка развојна зона во Струга.

Во соопштението , Општина Струга информира дека на средбата се разговарало и за инвестиција во нови кадри и едукација на работници за секторот за туризам, Б2Б средби и дигитална апликација за инфо за туристите.

-Струга беше поздравена затоа што има зголемување на бројот на туристи и дека има многу придонесено кон промоција на туризмот, не само за градот туку за целиот регион.-се вели во соопштението од Општина Струга.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds