
Бројот на заразени од корона вирус се искачи на 67, регистриран прв случај во Охрид
Бројот на дијагностицирани пациенти во земјата од коронавирус се искачи на 67 лица, објави пред малку министерот за здравство Венко Филипче.
Министерството за здравство информира дека вчера попладне и во текот на ноќта преку Институтот за јавно здравје од коронавирус биле тестирани 71 лице. Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје –контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид, за кое не се соопштуваат други детали.
На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои треба дополнително да бидат потврдени во текот на денот. Со ова бројката на ново-заболени до 10.00 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, појасни министерот Филипче.
Извор:OhridNews