Бројот на жртви во Албанија се искачи на 40

Бројот на загинати по разорниот земјотрес во Албанија се искачи на 40 лица.
Пронајден е труп под урнатините од шест катната палата во Драч. Во текот на ноќта извлечено е и безживотно тело на жена, со што бројката се искачи на 40.
Министерството за одбрана известува дека во 4 часот наутро три тела биле извлечени од урнатините.
Во меѓувреме, утрово премиерот на Албанија, Еди Рама, одржа вонреден состанок на Владата каде рече дека во овие моменти е потребна финансиска и нематеријална помош.
Албанија беше погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер изутрината на 26 ноември, проследена со серија други силни потреси.