• 30/09/2020

Bројот на жртвите во Нов Зеланд се искачи на 14 лица

 Bројот на жртвите во Нов Зеланд се искачи на 14 лица
loading...
Advertisement

Семејствата и пријателите на жртвите во вулканската ерупција на Нов Зеланд која се случи во понеделникот, тагуваат по нивните најблиски на церемонија наречена „Каракиа“. Имаше 47 лица на Белиот Остров кога се случи ерупцијата (24 од Австралија, девет од САД, пет од Нов Зеланд, четири од Германија, по две од Велика Британија и од Кина и едно лице од Малезија).

Војската извлече осум тела на луѓето што загинаа во вулканската ерупција, со што бројот на жртвите се искачи на 14, според последните податоци. Уште две лица се исчезнати и се претпоставува дека се мртви. Повеќе од 20 луѓе се во болница со сериозни изгореници, додека седуммина беа пратени на лечење во Австралија.

Надлежните служби соопштија дека повеќе фактори влијаат врз мисијата, вклучувајќи го дождот, односно предвидените врнежи кои би можеле да го отежнат пронаоѓањето на жртвите, со што потрагата се одвива забрзано.