Бронзен медал за Поп Арсова на Балканската атлетска трка на 10 километри

Бронзен медал за Поп Арсова на Балканската атлетска трка на 10 километри

Забележителен настап на првата Балканска атлетска трка на 10 километри во хрватскиот град Карловац постигна македонската атлетичарка Адријана Поп Арсова, освојувајќи го бронзениот медал.

Поп Арсова, која настапува за Атлетскиот клуб Делта од Скопје мина трето пласирана низ целта, истрчувајќи ја уличната трка во Карловац во време од 35:08.

Настап на меѓународната сцена денеска ги очекува и македонските атлетичари Дарио Ивановски и Јован Стојоски на Европското првенство за мали земји, чиј домаќин е Малта.

На Европското првенство во градот Марса, Ивановски ќе настапи во трката на 5.000 метри, додека Стојоски ќе се натпреварува во трките на 100 и 400 метри.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy