Брза Помош Лабуништа : Донација од Подгорчанецот Елдин Идризоски

Клучен момент во борбата со пандемијата на Covid 19 е соработката со месното население и взаемното помагање кога е најтешко.
Огромна благодарност до Идризоски Елдин од Подгорци за исклучителна донација – комбе за транспорт на медицински и секаков вид на материјали, потребите на поликлиника Лабуништа.
Ваков одговор и соработка ќе бидат запаметени. Ова е моќта на примерот. Благодариме.
Здравствен Дом Вевчани