Брзо и вкусно: Плазма торта од 5 состојки

 Брзо и вкусно: Плазма торта од 5 состојки

Одлична и најбрза торта која може да ја направите за 10 минути. Вкусна, сочна и без печење, по рецептот на Мартина Трајаноска.

Потребни состојки:

1 дел

400 г мелена плазма

400 мл овошен јогурт

250 мл слатка павлака

250 г сечкани ресани

2 дел

250 мл слатка павлака

250 г чоколадо

Начин на подготовка:

Изматете ја хоплата и додајте го овошниот јогурт, исечканите ресани и мелената плазма. Смесата префрлете ја во тава бр. 26/28. За чоколадниот дел ставете ги неизматената хопла и чоколадото искршено на парчиња во сад на оган или пареа. Мешајте додека да се растопи чоколадото и префрлете го веднаш чоколадниот дел врз подлогата. Оставете најмалку еден час во фрижидер па може да послужите.

>
>