Бугарија испраќа свои војници во мисијата Алтеа во БиХ

Бугарија испраќа свои војници во мисијата Алтеа во БиХ

Сто и десет бугарски војници ќе се приклучат на операцијата Алтеа во Босна и Херцеговина. Тие се дел од механизирана чета на меѓурегионалната резерва на операцијата на ЕУ во БиХ, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според соопштението, задачите што бугарската војска ќе ги извршува во рамките на операцијата Алтеа се патролирање, чување на базата и акции на формациите за брза реакција.

Бугарскиот воен контингент беше одобрен за учество во привремената регионална резерва за воената операција на ЕУ во Босна и Херцеговина Алтеа во јуни.

Бугарските војници прво ќе биде распоредени во привремената резерва на меѓународните сили, по што во јуни 2023 година ќе ги преземе задачите на своите бугарски колеги, кои во март беа прераспоредени во меѓународната база Бутмир во Сараево. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy