Бугарка почина неколку часа по вакцинирање со АстраЗенека – Времено се прекинува имунизацијата со оваа вакцина

 Бугарка почина неколку часа по вакцинирање со АстраЗенека – Времено се прекинува имунизацијата со оваа вакцина

MOSCOW REGION, RUSSIA – JANUARY 21, 2021: A medical worker prepares the first component of the Gam-COVID-Vak (Sputnik V) vaccine during a COVID-19 vaccination campaign at the Mega Khimki shopping center. Sergei Bobylev/TASS (Photo by Sergei BobylevTASS via Getty Images)

Бугарија времено ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека откако 57-годишна жена почина само неколку часа по аплицирањето. Станува збор за превентивна мерки, додека не се открие точната причина за смртта.

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов појаснува дека жената била обезна и имала претходни болести на срцето. Но, кај неа не се појавила тромб каков што беше случајот со смртните случаи во Австрија.

-Фателен исход за 57-годишна жена кој се случил во неговиот дом, изутрината во 03:00 часот. Вакцинацијата е извршена вчера во 12:00 часот. Жената се прибрала дома без никакви поплаки. Вечерта во 03:00 часот почувствувала потешкотии во дишењето и повикуваат Итна медицинска помош. Колегите пристигнуваат навремено, но само констатираат смрт. Сега има многу прашање, чекавме да заврши аутопсијата. Сакам да ви биде јасно дека ова е превентивна мерка за да може да бидеме сигурно оти по седум дена ќе дојдеме до конечно решение како ќе продолжиме со вакцинацијата со АстраЗенека, вели Ангелов.

Сепак, Ангелов вели дека само тројца на 1.000 вакцинирани пријавиле нуспојави од вакцините.

Освен Бугарија, вакцинацијата со АстраЗенека ја прекинаа и Данска, Исланд и Норвешка. Италија, пак, ја забрани имунизацијата со пратката која појави тромб кај некои вакцинирани здравствени работници. Станува збор за пратка од 1 милион дози која е испратена во 17 држави во Европа.

x