
Бујар Османи пренесува добри вести од ЕУ за Македонија
„Европската унија постигна консензус за започнување на безусловни преговори со Република Северна Македонија , истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.
Како што рече Османи на прес-конференција, ова ќе биде потврдено и на Советот на министри за надворешни работи и на премиерите на ЕУ што ќе се одржи на 24 и на 26 март со видео-врски.
„Според информациите што ги имаме, постигнат е консензус за одлуката за започнување безусловни преговори со Северна Македонија. Очекуваме оваа одлука да биде потврдена на 24 март, на Самитот на кој ќе учествуваат премиерите на земјите на ЕУ што се очекува да се одржи со видео врски“, рече Османи.
Извор:tv21.tv