Утрово, околу 8.30 часот, на булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, пронајдено е безживотно тело, информираат од СВР Охрид. Повикана е итна медицинска помош. Се работи на расветлување на случајот.Повеќе
На 13.11.2019 во 13.10 часот во СВР Охрид, Н.Б.(56) од Охрид пријавил дека на улица „Св.Климент Охридски“ во Охрид бил каснат од куче скитник на десната нога.Повеќе
Од СВР Охрид информираат за неколку инциденти што се случиле во текот на изминатите два дена. Вчера, во 13.10 часот во СВР Охрид, 56-годишен охриѓанец пријавил дека на улица „Св.Климент Охридски“ бил нападнат од куче скитник на десната нога. Истиот ден во 10.30 часoт, од страна на 23-годишно лице од Охрид пријавил дека во угостителски […]Повеќе
Вечерва со почеток во 19 часот, во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи граѓански форум на кој ќе учествуваат претставници од Општина Охрид и од месните заедници. Целта на средбата е да се слушнат предлозите и барањата на граѓаните од руралните средини и истите да се имаат во предвид при креирањето на општинскиот […]Повеќе
Министерството за животна средина и просторно планирање се откажало од идејата за градење регионална депонија кај селото Годивје во општина Дебрца. Сега консултанти при министерството работаат на изнаоѓање ново решение за локација на депонијата која најверојатно, нема да биде во сливот на Охридското езеро. 2020 во јануари ќе се знае како ќе изгледа идното регионално […]Повеќе
На меѓуучилишниот натпревар по италијански јазик кој се одржа на 9-ти ноември во Скопје, ученичката во средното училиште „Св. Климент Охридски“, Јована Теговска го освои второто место, додека Ева Љушевска го освои третото место. Двете наградени се ученички во II-6 клас во гимназијата, под менторство на проф. Кристина Љубисављевиќ Петровска. Извор:Повеќе
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против две лица од Охрид како и против едно лице од струшкото село Радолишта за сторено казнено дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. Со цел стекнување протиправна имотна корист, двајцата охриѓани, вработени во […]Повеќе
Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид која како пилот општина согласно проектните активности на ЕУ INTERREG Balkanmed Проектот AIRTHINGS „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“ заврши со поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри, како и поставување/инсталирање на 15 […]Повеќе
На 10.11.2019 околу 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на Спортско – рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, за време на одржување на спортски натпревар во рамките на втората фудбалска лига – Запад, М.С.(38) од Дебар го нарушил јавниот ред и мир со фрлање предмет кон судијата на натпреварот. Против него ќе биде […]Повеќе
Кучиња скитници во петокот попладне, наводно, настрадаа од отровот „ланате“ кој бил расфрлан во градскиот парк во Охрид, а потоа разнесен и на плоштадот, според сомнежите на активистите за заштита на животните. Минатиот месец имаше слична ситуација на труење на кучиња и во Струга, каде што покрај скитниците настрадаа и домашни миленици. Труењето на кучињата […]Повеќе