Изгорено машко тело е најдено во остатоците од импровизирана барака што изгоре ноќеска во близина на спортската сала на тетовскиот спортски центар, информира денеска СВР Тетово. Пожарот во тетовската Пожарна е пријавен ноќеска околу 3 часот, а подоцна и полицијата добила повик за настанот. -Пријавен е пожар во импровизирана барака на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“ кај […]Повеќе
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2019 година (петок), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на […]Повеќе
Земјотрес со интензитет од 3.9 степени според Рихтеровата скала, беше регистриран меѓу Кичево и Дебар. Некои информации беа дека земјотресот е со интензитет од 4.4 степени. Земјотресот бил умерен, затоа што бил на голема длабочина, на 100 километри. Земјотресот бил почувствуван и во целиот западен дел од Македонија, дури и во Скопје. Серија на земјотреси […]Повеќе
Северна Македонија и земјите од Западен Балкан имаат само еден пат – патот кон ЕУ. Интеграцијата на земјата и на регионот започна од Солун, со резолуцијата од Самитот на ЕУ во овој град во 2003 година. Бугарија и Романија беа првите земји од Балканот кои ги остварија определбите од тој самит. Сега е време да […]Повеќе
Во Кривичниот суд денеска се очекува да почне судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино, а на обвинителната клупа ќе седне Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соучесништво во убиството. Дваесет и шест годишното момче Пино исчезна на 11 декември 2018 година, а тоа во полиција го пријавила неговата мајка. По пет месечна истрага, на 29 […]Повеќе
Законски утврдената минимална плата за декември во Република Северна Македонија ќе изнесува 14.500 денари и е зголемена за 2.000 денари, а споредено со 2017 за 5.500 денари. Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари, за сите компании од приватниот сектор коишто ќе ги зголемат платите за оваа сума на работниците независно […]Повеќе
Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан е во работна посета на Република Турција, каде што ќе престојува неколку дена. Во рамки на посетата предвидено е да се посетат три градови во Р. Турција, Коџаели, Сакарја и Бурса, каде што министерот ќе оствари низа значајни средби со цел да се унапредат традиционално добрите […]Повеќе
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими делегација од учесниците на Бизнис Форумот меѓу претставници на деловната заедница од Северна Македонија и Руската Федерација, како и членовите на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка меѓу двете земји, која денеска и утре во Охрид, ја одржува 9. сесија. На средбата […]Повеќе
Зелената партија ДОМ, остро се спротивставува на предложениот ДУП за Расадник. Апелираме до сите советници во општина Кисела Вода, да го следат јавниот интерес за хумано и квалитетно живеење и да не го усвојат ДУП-от. Според објавените информации во медиумите, во оваа населба се планира изградба на 100 згради во кои би можело да се […]Повеќе
Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација. Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување […]Повеќе