Седумдесет милиони евра ќе им бидат распределени на сите 80 општини за изградба и санација на локални патишта и улици, како и на друга патна инфраструктура во единиците на локалната самоуправа. Со оваа директна помош Владата ќе овозможи сите општини да се стекнат со можност да добијат од 500.000 до 2 милиони евра, во зависност […]Повеќе
Feature Post

Затекнавме систем на социјална заштита што не стигнува до оние на кои им е најпотребен, центри за социјална работа без доволно стручен кадар и долги години занемарување на најранливите и најсиромашните членови на заедницата. Ова не го кажуваме само ние, ова го потврдуваат и сите извештаи како на домашните така и на меѓународните организации. Едноставно, […]Повеќе
Владата на Република Северна Македонија ја поздравува одлуката на институциите и организациите на централно и на локално ниво кои одлучија да ја прифатат препораката да се откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година. Владата ги охрабрува сите останати, како и сите граѓани, да ја почитуваат препораката и со тоа да покажат одговорност и […]Повеќе
Маж од Виница и неговата партнерка, државјанка на Хрватска без дозвола го напуштиле карантинскиот дел на Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип, по што отишле во домот на виничанецот, каде веднаш се ставени во изолација. Тие пријавиле во Инфективното одделение дека имаат симптоми на коронавирус по посетата на Италија. Ова вечерва за МИА го […]Повеќе
Попладнево маж и жена кои биле повратници од Италија, а сместени во штипската болница поради сомнежи за коронавирус избегале од болницата. Насилно го скршиле прозорецот и излегле преку него по што се одалечиле во непознат правец пренесува ТВ21. Станува збор за маж од Виница и за неговата партнерка хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале […]Повеќе
По непотврдените најави дека Турција ги отвора границите за бегалците чија крајна дестинација е Европа, илјадници емигранти од повеќе азијски земји за кратко време се собраа на главната автобуска станица во Истанбул. Во раните утрински часови пристигнаа голем број на емигранти од Сирија, Ирак и Иран кои преку патен сообраќај планираат преку турската провинција Едрене […]Повеќе
Бремена работничка побара правна помош од Хелсиншкиот комитет бидејќи работодавачот незаконски и го прекинал работниот однос додека користела боледување. Станува збор за работничка на која непосредно откако го информирала работодавачот дека е бремена ѝ бил откажан договорот за вработување. Работодавачот ѝ го врачил отказот на работничката додека таа била на боледување, со образложение дека неоправдано […]Повеќе
Пациентката кај која како прва беше откриен корона вирусот, останува до сега единствена. Нејзината општа здравствена состојба е добра и стабилна, не покажува знаци на евентуални идни компликации и можеме да кажеме дека влегува во фазата на опоравување, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство д-р Венко Филипче. Лицата кои биле во контакт со оваа […]Повеќе
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче, од министерката за финансии, Нина Ангеловска и од заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, се сретна со Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа, придружуван од претставници на СЗО и од Џихан Тавилах, шефица на […]Повеќе
Министерот за здравство, Венко Филипче дал предлог Владата да ги ограничи масовните јавни собири како превенција на вирусот во пресрет на карневалите во Струмица и во Прилеп, мерка која била договорена доцна синоќа на состанок со Центарот за управување со кризи. – Денес Владата ќе има седница специјално за оваа точка. По седницата ќе информираме […]Повеќе