Папата Франциск денеска ја одбележа втората годишнина од експлозијата во пристаништето во Бејрут, велејќи дека вистината и правдата „никогаш не можат да се сокријат“. Потсетувајќи на утрешната годишнина, Папата рече дека се моли за семејствата на жртвите од „катастрофалниот настан и за драгиот либански народ“. – Се молам секој да најде утеха во верата и […]Повеќе
Feature Post
Повеќе од 500 луѓе го загубија животот во големите поплави во Пакистан, последица на обилните монсунски дождови што изминатите неколку седмици ги зафатија југозападните провинции на земјата. Националната агенција за справување со кризи соопшти за 502 жртви, од кои 98 жени и 191 дете. Во поплавите се оштетени повеќе од 40 илјади станбени објекти, како […]Повеќе
Новиот претседател на Шри Ланка, Ранил Викремесинг, денеска изјави дека неговата влада подготвува национален политички план за следните 25 години со цел да го намали јавниот долг и да ја претвори земјата во конкурентна извозна економија додека бара излез од најлошата економска криза. Викремесинг во својот говор во Парламентот рече дека на Шри Ланка и […]Повеќе
Екипа инспектори денеска кај Истанбул се качи на првиот брод со жито што под воени околности исплови од украинските пристаништа, со дестинација за Либан. Согласно договорот постигнат со посредство на ОН чија цел е ублажување на глобалната криза со храна, бродот „Разони“ рано во понеделникот исплови од украинското црноморско пристаниште Одеса, со 26.527 тони пченка […]Повеќе
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска изјави дека најголемата европска нуклеарна централа во Украина, Запорожје е „целосно вон контрола“ и Русија и Украина мора итно да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се стабилизира ситуацијата и да се избегне нуклеарна катастрофа. Тој истакна дека ситуацијата секој […]Повеќе
Данската биотехнолошка компанија „Баваријан нордил“ соопшти дека Европската комисија дозволила нејзината вакцина „имванекс“ да се пласира на пазарот како заштита од мајмунски сипаници, што пак е препорака од Европската агенција за лекови. Одобрението пристигнува само еден ден откако Светската здравствена организација објави предупредување на високо ниво во кое епидемијата на мајмунски сипаници брзо се шири […]Повеќе
Три лица загинаа, а шестмина се повредени во денешниот напад со нож во градинка во југоисточната кинеска покраина Џиангши. Напаѓачот со капа и маска влегол во приватна градинка во округот Анфу, соопшти локалната полиција. Осомничениот 48-годишен маж сè уште е во бегство, а полицијата не ја соопшти возраста на жртвите.Повеќе
Летот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, од Малезија до Тајван го следеа рекорден број на луѓе, соопшти Службата за набљудување летови „Флејтредар 24“ (Flightradar24). Повеќе од 708.000 луѓе го следеа слетувањето на Пелоси во Тајпеј, додека делови од летот СПАР19 го следеа 2,92 милиони луѓе. Пелоси леташе седум часа од Куала […]Повеќе
Граѓаните на американската сојузна држава Канзас синоќа на референдум се изјаснија против обидот за укинување на уставната заштита на правото на абортус, во првото изјаснување на населението откако американскиот Врховен суд ја отфрли пресудата од предметот „Ро против Вејд“. Жителите на Канзас гласаа по однос амандманот поврзан со пресудата на Врховниот суд од 2019 година, […]Повеќе
Најмалку 87 женски лица се хоспитализирани по истекување на гас во фабрика за облека во јужниот дел на Индија, јавија денеска локални медиуми. Работници синоќа имале мачнина и повраќале во фабрика во јужната држава Андра Прадеш. Не е забележан ниту еден смртен случај и ситуацијата денеска е под контрола, наведува телевизискиот канал Индија тудеј. Сличен […]Повеќе