Осомничени се осум лица за убиствата на британскиот новинар Дом Филипс и експертот за Бразил, Бруно Переира, соопшти бразилската полиција. Претходно, уапсени се три лица, но сега идентификувани се уште петмина кои, наводно, помогнале при сокривање на телата, јави Би-би-си. Филипс и Переира исчезнаа на 5 јуни за време на службено патување во оддалечената долина […]Повеќе
Feature Post
Министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг се надева дека на самитот на Европската Унија ќе има јасно упатен сигнал не само во правец кон истокот, туку и кон југоистокот на Европа. Според Шаленберг, Украина не е во конкуренција со државите од Западен Балкан. Се работи за веродостојноста на ЕУ, смета Шаленберг, во постигнувањето […]Повеќе
Најмалку 59 лица загинаа при лизгање на земјиште и од удар на гром за време на силните бури во Бангладеш и во Индија. Милиони лица се блокирани, а здравстевните работници се борат за да дојдат до најзагрозените. Метеоролози предупредуваат на влошување на временските услови во наредните неколку дена. Владини лица во Бангладеш ја опишуваат состојбата […]Повеќе
Британската железничка мрежа неделава се соочува со најголемиот штрајк на вработените во последните повеќе од три децении. Спорот е за барањата за повисоки плати во моменти кога зголемената инфлација ги намалува приходите. Синдикатот на железницата RMT соопшти дека повеќе од 50.000 работници ќе учествуваат во тридневниот национален штрајк што ќе се совпадне со големите настани, […]Повеќе
Поразен на парламентарните избори, претседателот на Франција се најде без мнозинство во собранието. Радикалната левица станува една од главните сили во Собранието. Со 89 избрани пратеници, Националниот собир предизвика изненадување. Макронистите ќе треба да бараат мнозинство кај другите парламентарни групи во Собранието за да ги гласаат предвидените реформи, јави дописникот на МИА. Вечерта по вториот […]Повеќе
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека очекува Русија да ги интензивира нападите врз Украина, додека Киев неделава ја очекува одлуката на Европска Унија за доделување на статус земја кандидат за членство. – Очигледно е дека оваа недела Русија ќе ги интензивира непријателските. И не само против Украина, туку и против другите европски земји, истакна […]Повеќе
Левичарот и поранешен герилец, Густаво Петро е избран за нов претседател на Колумбија, прв од редовите на левицата во колумбиската историја.Петро освои 50,5 отсто од гласовите, додека за неговиот противкандидат, независниот Родолфо Хернандез, гласаа 47,3 проценти од граѓаните. На изборите гласаа околу 20 милиони луѓе од Колумбија. Шеесет и двегодишниот Петро победи со разлика од […]Повеќе
Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Тајван. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во близина на градот Хуалиен. За сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Исто така не е објавено предупредување за појава на цунами. Во 1999 година […]Повеќе
Повеќе пожари горат во Шпанија, каде што денеска температурите се малку пониски по една недела екстремни горештини, во Германија гори пожар во близина на Берлин, а Италија е тешко погодена од суша. Спасувачките служби денеска продолжуваат да се борат со повеќе пожари долж Шпанија, додека топлотниот бран што пристигна порано од вообичаеното почнува да се […]Повеќе
Музиката на уметници со руско државјанство ќе биде забранета во јавност во Украина, откако мерката денеска беше усвоена со двотретинско мнозинство во Горниот дом на парламентот, изјави пратеникот Јарослав Железњак преку апликацијата Телеграм. Во образложението заедно со предлог-законот се вели дека „музичкиот производ на државата агресор може да предизвика сепаратистички чувства кај населението“. Руската музика […]Повеќе