Предупредување за „итна евакуација“ од највисоко, седмо ниво, е издадено за седум подрачја, меѓу кои е крајбрежното одморалиште Нуса, 150 километри северно од главниот град на државата Квисленд, Бризбејн. Противпожарната служба на оваа држава соопшти дека условите се многу опасни и дека пожарникарите можно е наскоро да не можат да го запрат ширењето на огнот, […]Повеќе
Feature Post
Најмалку седум лица загинаа утринава, а уште најмалку седуммина други се повредени, во експлозија на автомобил-бомба во авганистанската престолнина Кабул, во текот на утринскиот сообраќаен пик, соопштија официјални претставници, пренесе ДПА. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими изјави дека се уште не е познато кој бил цел на нападот и додаде дека истрагата […]Повеќе
Палестински Исламски џихад денеска соопшти дека се подготвува за војна со Израел откако во израелски воздушен напад рано утринава беше убиен нејзиниот командант за северот од Појасот Газа.-Ние одиме во војна. Нетанјаху ги мина сите црвени линии со убиството на командантот на Бригадата Ал-Кудс, Наха Абу ел-Ата. Ќе одговориме силно, изјави генералниот секретар на Исламски […]Повеќе
Ево Моралес политичката кариера ја почна во Чапаре, рурален регион во кој се одгледува кока во централна Боливија. Тој во 2006 година стана првиот боливиски претседател од домородечко потекло и три пати победи на изборите, главно благодарение на неговите напори да ја намали сиромаштијата. Меѓутоа, тој во неделата се врати во Чапаре за да објави […]Повеќе
Познатата интернет страница за резервирање сместување Booking.com е прогласена за виновна поради нелојална конкуренција во Турција и парично казнета со 78.000 евра, објави порталот на глобалната адвокатска компанија за стопанско право ЦМС. Иако станува збор за меѓународна компанија, Booking.com се најде на удар на турските закони, според кои сите компании кои работат во Турција (дури […]Повеќе
Македонски државјанин на возраст од 31 година и неговата сестра (27) се под истрага за малтретирање на малолетниот син на нашинецот, кој трпел физичко и психичко насилство во домот, информираат италијанските медиуми. Поради заштита на детето, од полицијата не даваат повеќе податоци за осомничените, освен дека 13 годишникот живеел со својот татко и тетка си […]Повеќе
Високиот функционер од кинеското министерство за надворешни работи, Фу Конг порача дека кинеските ракети од среден домет не можат да претставуваат никаква опасност по САД, освен доколку Американците не ги доведат своите сили на кинескиот праг. Неговиот коментар доаѓа непосредно откако се појавија шпекулации дека и Пентагон размислува да распореди такви ракети на своите територии […]Повеќе
Иранската државна телевизија соопшти дека во вчерашниот земјотрес е зголемен бројот на повредени и изнесува над 520. Бројот на жртви е зголемен по извештаите од спасувачките операции во повеќе од 80 села во покраината источен Азербејџан во Иран. Според првите податоци, пет лица загинале во земјотресот со јачина од 5,9 степени. Подоцна беше објавено дека […]Повеќе
На денешен ден се одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, настан кој го промени светот. Неполна година подоцна, на 3 октомври 1990 година, Германија беше повторно обединета по 41 година поделба. Со пропаѓањето на втората диктатура на германско тло, со крајот на Германската Демократска Република, комплетно исчезна реалсоцијалистичкиот табор во Европа од политичката карта. […]Повеќе
Иран првпат призна дека е отворен случај пред Револуционерниот суд во врска со исчезнувањето на поранешниот агент на ФБИ, Роберт Левинсон во 2007 година. Иран на Обединетите нации им соопшти дека случајот за Роберт Левинсон е „во тек“, без дополнителни детали. Иранската мисија во Вашингтон не ги коментираше наводите дека се води случај во врска […]Повеќе