Чавушоглу во стилот „џабе везете“: Нема да се откажеме од набавка на руски системи С-400 поради санкциите од САД

 Чавушоглу во стилот „џабе везете“: Нема да се откажеме од набавка на руски системи С-400 поради санкциите од САД

ANKARA, TURKEY – MAY 5: Turkish Foreign Minister Mevlut Cavusoglu speaks to the press at Covid-19 Coordination and Support Center in Ankara, Turkey on May 5, 2020( Cem Özdel – Anadolu Agency )

Турција нема да се откаже од набавка на руски ракетни одбранбени системи С-400 и ќе преземе реципрочни чекори, откако ќе ги процени санкциите воведени од САД, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во интервју за ТВ Канал 24, Чавушоглу рече дека одлуката за санкциите е неправилна од правна и политички гледна точка.

– Ова претставува напад врз суверените права на Турција, рече Чавушоглу, додавајќи дека мерките нема да влијаат на Анкара.