Челси ќе плати 70 милиони евра за ѕвезда на Реал Мадрид

 Челси ќе плати 70 милиони евра за ѕвезда на Реал Мадрид

Реал Мадрид планира да го продаде дефанзивецот Рафаел Варан, кој има договор до крајот на следната сезона, а наводно Челси е заинтересиран за неговите услуги и ќе плати 70 милиони евра.

Варан е првотимец на „кралевите“, но шпанскиот гигант мора да го продаде доколку сака да го купи Килијан Мбапе, а освен тоа, клубот обезбеди и негова замена, односно во Мадрид ќе пристигне Давид Алаба.

Францускиот репрезентативец е интересен и за ПСЖ, а се споменува и интерес од Манчестер јунајтед, но сепак фаворит за неговиот потпис е Челси.

Варан пристигна во Мадрид од Ленс во 2011 година и со шпанскиот клуб освои 18 трофеи, од кои четири во Лигата на шампиони (ЛШ), како и три во шпанската Ла Лига.

>
>