Челзи нуди 47 милиони евра за Гордон

Челзи нуди 47 милиони евра за Гордон

Раководството на премиерлигашот Челзи понуди 47 милиони евра за услугите на талентираниот фудбалер на Евертон, Ентони Гордон, објави денеска „Скај спорт“.

Евертон, наводно, ја одбил оваа понуда, меѓутоа лондонскиот клуб е подготвен, освен пари, на клубот од Ливерпул да му понуди и некои свои играчи, бидејќи тренерот на Челзи по секоја цена сака да го види младиот англиски репрезентативец во своите редови.

Гордон (21) потекнува од академијата на Ливерпул, но од 2019 година е во градскиот ривал Евертон за кој има 60 настапи и еден постигнат гол.

Гордон ги мина сите младински селекции на Англија, а пред неколку недели имаше понуди за трансфер од Тотенхем и Њукасл. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy