Четири лица убиени во Германија во клиника

 Четири лица убиени во Германија во клиника

Германската полиција уапси жена осомничена за убиство на четири лица на клиника за ортопедија во градот Потсдам.

Според германските медиуми, жена околу 50 години е уапсена под сомнение за убиство на четири лица на палијативниот оддел на Клиниката за ортопедија Оберлин во Потсдам.

Мотивот за овој масакр се’ уште не е познат.

Клиниката Оберлин е специјалистички центар за ортопедија. Порталот Билд објави дека злосторството се случило на одделот за палијативна нега.

>
>