„Чиста Струга“ кампања на ЈП Комунално Струга

 „Чиста Струга“ кампања на ЈП Комунално Струга

Струшкото комунално претпријатие започна кампања „Чиста Струга“.

Преку  едукативни видео спотови да се покрене свеста на граѓаните за чиста и здрава животна средина. 

-„Нашата интенција е во партнерство со граѓаните  да ја подигнеме свеста за чиста животна средина. Правилниот начин на одлагање на отпад е клучен за чиста околина која претставува здравје за граѓаните, но и една убава слика на нашиот град“, вели директорот на ЈП Комунално Струга Икмет Ислами. 

Недостига еколошка свест кај популацијата во земјава. Постојано никнуваат диви депонии. Граѓаните треба да разберат дека отпадот наштетува на нивното здравје и на здравјето на сите, велат еколозите. 

Видео спотовите се изработени на албански и македоснки јазик. Кампањата за подигнување на еколошката свест во градот на мостовите, ќе трае до крајот на годинава. Извор:ohridnet.com

>
>