
Чудо од торта без печење – полна со вкусни состојки, а тешко би погодиле од што е направена
Планирате да правите торта за роденден или семејно собирање, а немате многу време за подготовка?
Не се грижете, со овој рецепт можете да направите торта истиот ден кога е планирана свеченоста, бидејќи потребно ви е помалку од половина час.
Корите се печат во тавче, со што дополнително ќе ви се олесни, а филот се подготвува буквално за пет минути.
Состојки:
– 270 гр. брашно
– 3 лажици какао
– 1,5 лажички прашок за пециво
– 150 гр. шеќер
– 10 гр. ванилен шеќер + 1 лажичка
– 100 гр. масло
– 360 мл. вода
– 500 гр. свежо сирење
– 180 гр. путер
– 5 лажици шеќер во прав
– овошје за декорација
Подготовка:
Измешајте ги брашното и прашакот за пециво. Потоа додадете ги шеќерот и ванилниот шеќер. Истурете ги маслото и водата и мешајте додека не се соедини смесата. Премачкајте ја тавата и загрејте ја. Смесата печете ја како палачинки. Ви требаат три кори.
Филот направете го така што ќе го измешате сирењето со путерот и шеќерот во прав, па изматете со миксер додека не стане кремасто.
Корите филувајте ги со шприц за слатки и редете ги една врз друга. На крајот преку филот ставете овошје по избор.
Пред да сечете, оставете да отстои во фрижидер.