
Чудо во Колумбија: Бебе преживеа авионска несреќа, мајката го заштитила со своето тело
Во пад на мал авион во Колумбија загинаа три лица, а преживеа само бебе кое мајката го држела во раце и го заштитила со своето тело.
За жал во несреќата настрадале родителите, доктор Фабио Грандас Рамирез и адвокатката Мајерли Дијаз Рохас, како и дадилката Мурис Маса.
Меѓутоа, нивниот син Мартин, за чудо го преживеал падот и спасителите го пронашле во остатоците од срушениот авион.
На лице место го пронашле и телото на мајката која го држела бебето и со своето тело го заштитила при падот. Бебето е во стабилна здравствена состојба и е пренесено во болница.
Властите ги истражуваат причините за падот на авионот со кој управувал Грандас, кој инаку работел во организација која им доставува медицинска и хуманитарна помош на сиромашните во Колумбија.