
Чудо во Петриње: Спасена девојка која била затрупана со цигли и бетон
Спасена е девојка која била затрупана со цигли и бетон по разорниот земјотрес кој вчера го погоди хрватскиот град Петриње.
Девојката била заглавена во својот дом, а пожарникарите едвај ја спасиле.
-Поразен е само тој кој се откажува. Од овој дом извлековме жива девојка која беше затрупана со цигли и бетој. Ѝ посакуваме многу среќа и брзо оправување. Ви благорариме многу на пораките со поддршка, соопшти противпожарата единица од Новска на Фејсбук.