Царовска и Мартенс во Охрид на средба со компаниите во кои се спроведува проектот за дуално образование
Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс, денеска ќе го посетат Општинскиот електро-машински училишен центар „Наум Охридски“ во Охрид.
Царовска и Мартенс ќе направат увид во кабинетите за практична настава во училиштето и ќе се сретнат со директорите на компаниите ЛТХ леарница, Костал и ОДВ Електрик во кои се спроведува пилот проектот за дуално образование во охридскиот регион.
Извор: Strugaonline