• 12/07/2020
 Царовска и Шкријељ во Охрид-Пензиите се сигурни, исплатите се редовни

Царовска и Шкријељ во Охрид-Пензиите се сигурни, исплатите се редовни

Пензионерите се сигурни – пензиите ги добиваат предвреме а пензискиот систем е
стабилен. Во секоја пензија што се исплатуваше изминатите месеци беше вградено и
јануарското покачување. Не дозволивме ниту здравствено-економската криза да се
одрази на стандардот на повозрасните членови на нашата заедница, нивните месечни
приходи редовно пристигнуваат. Заменичката на претседателот на Владата за
економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и
социјална политика Санела Шкријељ денеска се сретнаа со пензионерите од Охрид и
разговараа за актуелната состојба и прашањата поврзани со натамошната реформа
на социјалната заштита.
„Грижата за пензионерите е еден од приоритетите на оваа Влада. Ветивме дека ќе ги
зголемиме пензиите и тоа го направивме. Јануарската пензија беше повисока за 722
денари, а ова зголемување влезе во основицата на пензијата што се исплатува секој
месец. Со тоа просечната пензија ја зголемивме на 15.500 денари, зголемувањето на
пензиите се прави според закон, со издржани пресметки”, рече Царовска.
Секој пензионер има право на достоинствен живот и сите имаат право да уживаат во
плодовите од тоа што го сработиле во животот. Кризата предизвикана од
коронавирусот потврди дека она што им треба на пензионерите е услуга во
заедниците во кои живеат.
„Го почнавме развојот на услуги на локално ниво како што се помош и нега во
домашни услови, и тој процес мора да продолжи. Пензионерите на кои им е неопходна
поддршка во секојдневните обврски и во справувањето со хроничните болести, со
закон добија право на помош во домот. Ова е концептот на чија имплементација
работиме, ги подготвуваме општините и давателите на услуги“, посочи Шкријељ,
додавајќи дека сите заедно, почитувајќи ги мерките, ќе бидеме победници во битката
со вирусот, по што нашите повозрасни граѓани повторно ќе можат да се дружат и
активно да ги минуваат пензионерските денови.

Кабинет на дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика

Digiqole ad

Можеби ке те интересира