Целосна блокада на центарот на Виена, на улиците 1.200 полицајци

Целосна блокада на центарот на Виена, на улиците 1.200 полицајци

Центарот на Виена денеска попладне ќе биде во целост блокиран поради бројните протести на противниците на ковид мерките и задолжителната вакцинација.

Полицијата соопштила дека на улиците ќе има 1.200 чувари на редот и дека се пријавени околу 27 протести.

Најголемиот собир се очекува на плоштадот Хелденплац, на кој повикала Слободарската партија на Австрија (ФПО), како и пред две недели кога се собрале повеќе десетици илјади луѓе.

Пријавен е и собир против “здравствениот фашизам” пред австриската влада. Овој пат поворката на демонстрантите нема да оди само на улиците на строгиот центар на Виена, туку еден собир е пријавен со марш од Гиртл до Операта. На централниот плоштад во Виена, Штефансплан, закажан е протест на повеќе групи против фашизмот поради влијанието на неонацистите во демонстрациите против мерките за корона.

“Со сето разбирање за стравот од вирусот, немаме разбирање за паролите кои го релативизираат холокаустот и се занимаваат со ревизија на историјата. Немаме разбирање за тие што чекорат зад десничарските транспаренти”, наведуваат организаторите.

Бидејќи на социјалните мрежи постојано кружат закани за напади врз болниците поради вакцинација, полицијата го засилила надзорот на тие објекти, како и на другите критични инфраструктури.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds