
Целосна забрана за работа на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека Владата формирала Кризен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерот за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.
Тој најави и нови мерки против ширење на коронавирусот. Еве кои се тие:
- Се затвораат сите копнени гранични премини освен Табановце, Ќафасан, Девебаир, Богородица и Блаце
- Да се затвори граничниот премин на Охридскиот аеродром
- Забрана за влез за странски државјани и од земјите со среден ризик, освен оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде согласност.
- Сите сите продавници во моловите на територија на Македонија, освен супермаркетите, продавниците за храна и аптека.
- Сите останати правни лица може да работат и да остваруваат продажба преку алтернативни начини како онлајн, телефонски
- Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортски обложувалници.
- Сите угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да работат но без посета на гости. Да овозможат онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да вршат подигнување на нарачката од самото место.