Целосно ВИДЕО: Како беше потопен „МОСКВА“

Целосно ВИДЕО: Како беше потопен „МОСКВА“

На сите веќе ни е познато дека украинската армија со ракетен удар по командниот адмиралски брод од Црноморската флота на Руската Федерација — крајсерот “Москва”, успеа да го смести на дното на морето.

Ударот беше извршен со стратешките ракети “Нептун”, од украинско домашно производство, кои прво го оштетија, а потоа и бродот потона. Тој беше воената гордост на Русија и лично на диктаторот Путин.

Првите планови на Украинската Армија биле ракета „Нептун“ да се испали со помош на бомбардер Су-24, кои сеуште ги има на располагање. Но тоа би било премногу ризично да биде откриено и спречено.

Украинските воени експерти се одлучиле за копнен напад врз Црноморската флота на РФ особено на бродот “Москва”, од кој постојано се ракетирал градот Одеса, со помош на противбродски комплекс “Нептун”, пишува украински Фокус.

Тие знаеле дека тоа е одлично оружје, го имаат во изобилство, а се супер обучени да го употребат. Лансирањето се случува од транспортни камиони, прилагодени за овие ракети.

Тие се лесно подвижни, брзи за маневрирање и поставување на секоја локација на брегот на морето, по избор и барање на командата за одбрана на црноморскиот брег.

Ги има во две варијанти, но која и да биде на располагање, успешноста на лансирањето на ракети „Нептун“ е загарантирана.

Главното киевско конструкторско биро “Луч” го разработило овој ракетен комплекс во кратки рокови. Од почетокот на разработката во 2014 година до ставање во употреба на вооружените силе поминале само 6 години. Во Војската на Украина изјавуваат дека разработката на комплексот “Нептун” дал особен придонес за ударната моќ на армијата.

Погледнете го целото видео од ударот на крузерот Москва и неговото потопување на дното на морето:

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds