Целта била контрола на човековиот ум: Откриен таен проект на ЦИА

 Целта била контрола на човековиот ум: Откриен таен проект на ЦИА

ЦИА имала таен проект “MK-ULTRA” кој бил спроведен во текот на 1957-ма и 1960-та година, а чија цел била контрола на човековиот ум со помош на дрога и методи како хипноза.

Се било откриено во неодамна емитуваниот истражувачки серијал “Brainwashing” на американската мрежа “CBS”, кој бил посветен на озлогласениот проект “MK-ULTRA”, пренесува “Jutarnji List”. Исто така, откриено е, по отстранувањето на ознаката за тајност од бројни документи, дека проектот се вршел и во Канада и дека тамошната влада знаела за него. 

Во текот на периодот од Студената војна, ЦИА била уверена дека комунистите откриле лек и техника која ќе овозможи контрола над човековиот ум. Како одговор на тоа, ЦИА започнала со сопствен таен програм, наречен “MK-ULTRA”, во потрага по лек за контрола на умот кој би можел да биде оружје против непријателот. Проектот го водел хемичарот Сидни Готлиб.

“Некои од експериментите на Готлиб биле тајно финансирани на американските универзитети и истражувачки центри, додека други биле спроведувани во американски затвори и слични центри во Јапонија, Германија и на Филипините”, рекол за “National Public” радио-новинарот Стивен Кинзер.

Откриено е дека во монструозниот проект биле вклучени и славни универзитети како Харвард, Колумбија, Масачусетс.

Исто така, деталите од проектот биле објавени во книгата на новинарот Кинзер, кој долго ја истражувал таа тема, а која го носи насловот: “Главен трујач: Сидни Готлиб и ЦИА во потрага за контрола на умот”.

Готлиб летото 1951-ва година почнал да работи во ЦИА, во тоа време посебно заинтересирана за ЛСД. Тие истражувања покажале дека ЛСД делува смирувачки па на на почетокот на 50-тите години ЦИА издала налог Готлиб да ги купи сите светски резерви на таа психоактивна дрога. Готлиб така донел ЛСД во САД и почнал да го шири по болниците, психијатриските клиники, затворите и други институции, се со цел да открие како луѓето реагираат на дрогата и дали може да се користи како средство за контрола на умот.

Секако, сето тоа се одвивало во строга тајност, а првите волонтери и истражувачи биле агенти на ЦИА и научници, вклучувајќи го и самиот Готлиб кој подоцна признал дека земал ЛСД повеќе од 200 пати.

Освен ЛСД, во експериментите се користеле мескалин, кокаин и марихуана. Доброволците кои во текот на експериментите земале ЛСД, во голем број случаи тоа го сметале за многу комфорно искуство и за тоа зборувале со своите пријатели.

Според истражувањето на Кинзер, многу од учесниците во експериментите на Готлиб биле изложени на психилошко мачење во распон од електрошокови до високи дози на ЛСД. На пример, во еден проект деца на возраст од шест до 11 години кај кои била дијагностицирана шизофренија добивале ЛСД секој ден во текот на шест седмици.

ЦИА вовела надзор и над бројни бордели кои биле озвучени за да се проучува како комбинацијата од секс и дрога влијае на подготвеноста на мажите да кажат тајна.

“Готлиб сакал да открие на кој начин може да се преземе контрола над човековиот ум и сфатил дека тоа е процес од два дела. Прво, морате да го “скршите” постоечкиот ум. Второ, морало да пронајдете начин во таа настаната празнина да внесете нов ум. Не знаеме колку луѓе починале, но животите на многумина биле трајно уништени. На крајот Готлиб заклучил дека контрола над умот е невозможна”, рекол Стивен Кинзер.

Проектот “MK-ULTRA” бил изгаснат во 1973-та година кога тогашниот американски претседател Ричард Нискон го сменил тогашниот директор на ЦИА, кој директно го штител Готлиб.

Но, пред да започне истрагата за целиот случај, врвот на ЦИА наредил да се уништат сите документи. Сепак, дел биле и сочувани.