• 19/09/2020

Цената на автопатот Охрид – Кичево надмина половина милијарда евра

 Цената на автопатот Охрид – Кичево надмина половина милијарда евра
loading...
Advertisement

Расте цената на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја усвои предлог одлуката за нов заем од кинеска Експорт-Импорт банка во висина од 180 милиони евра, со што цената на изградбата на овој капитален проект надмина половина милијарда евра.

Според првичните проекции во 2014 година, кога започна изградбата на 57-километри долгата автопатската делница, истата се проценуваше на околу 360 милиони евра. Но поради сериозни пропусти во трасирањето и проектирањето истата значително ќе ги надмине првичните проекции.

За овој проект, кој е дел од Коридорот 8, СЈО отвори предмет „Траекторија“ во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, вицепремиерот во последната влада на ВМРО ДПМНЕ Владимир Пешевски и поранешниот министер за транспорт во истата влада Миле Јанакиески. Тие се товарат за потпишување штетен договор со кој буџетот на државата е оштетен за околу 150 милиони евра. Поради застареност на делото постапката е прекината против Груевски, а за останатите се’ уште се води судски процес.

Инаку, автопатот Охрид – Кичево, кој го гради кинеската компанија „Синохидро“ со подизведувачи од Албанија и Македонија, требаше да биде завршен во јануари 2018 година, но рокот е пролонгиран за 2021 година.

Г.М.

Извор:OhridNews