
Центар за култура „Браќа Миладиновци“-Струга доби сертификат за квалитет
Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИАСС Скопје издаде уверение за стекнат „Сертификат за квалитет IASS 2020:2022“ на Н.У Центар за култура „Браќа Миладиновци“-Струга. -По претходна анализа на интернет за позитивни споменувања како и екстерна анализа од аспект на услужливост и доверба, гаранција на нивото на квалитет на услугите кои ги испорачуваат како и позитивен пристап во соработката со трети страни, одлучивме дека може да се стекне со „Сертификат за квалитет IASS 2020:2022“-велат од здружението.
Од таму додаваат дека уверението за стекнат сертификат се издава со цел да може да и послужи на институцијата во докажување на својот квалитет во тековните деловни процеси.
Извор: Strugaonline