
ЦИА објави предизвик за шпиони: Дали можете да пронајдете 10 разлики на овие фотографии?
Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ги предизвика корисниците на Твитер со интересна фотографија.
ЦИА на својот профил објави предизвик за оние кои во иднина би сакале да бидат агенти.
„Тестирајте ги вашите вештини за запазување. Можете ли да забележите 10 разлики на фотографиите? Утре ќе ги објавиме точните одговори“, напишала агенцијата на својот Твитер профил.
Некои разлики се очигледни како цвеќето во десниот агол на фотографијата чии бои се разликуваат или ранецот на грбот на мажот во средина, но има и такви кои не се толку очигледни – погледнете:
Иако била поставена задача да пронајдат 10 разлики, некои пронашле повеќе од 10 разлики на фотографиите.
„Ако пронајдовте повеќе од 10 разлики, покажавте одлични вештини. Секогаш барајте прилика да научите нешто повеќе“, напишале од ЦИА.
Всушност, на фотографијата има 12 разлики. Оние малку повнимателните ја забележале промената на бојата на тунелот од левата страна, како и додадениот знак на „БМВ“ на црниот автомобил.