• 21/09/2020

ЦЈЗ: Вакцинацијата против сезонски грип ќе се врши со висококвалитетни вакцини

 ЦЈЗ: Вакцинацијата против сезонски грип ќе се врши со висококвалитетни вакцини
loading...
Advertisement

Вакцинацијата против сезонски грип ќе се врши со висококвалитетни, четворовалентни вакцини од француско потекло чија цена ќе биде 650 денари , информираат од охридскиот Центар за јавно здравје. Имунизацијата со оваа, комерцијална вакцина, почнува утре и ќе се врши од 8 до 14 часот.

Бесплатното вакцирање ќе почне од 25 Ноември, а право на имунизација против сезонски грип без надомест имаат лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени, здравствени работници и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Мора да имаат упат од матичниот лекар со назначен термин за вакцинирање. Оваа вакцина е обезбедена од Министерството за здравство и е од холандски производител, четиривалентна е и високо квалитетна. Ние како Центар за јавно здравје ја вршиме апликацијата на вакцината, а матичните лекари се оние кои го даваат соодветниот упат на кој ќе биде назначен терминот за вакцинирање. Неофицијално од утре ќе почнат да се отвораат термини и матичните лекари ќе можат да даваат упати, вели Сашо Точков, директор на Центар за јавно здравје Охрид.
Бесплатни вакцини има 2400 дози од кои 1350 се за Охрид, 800 за Струга и 350 за Дебар. Од комерцијалните вакцини има 2000 дози.

Периодот потребен за да се создадат антитела во организмот и имунизацијата да има ефект, е од десет до 15 дена.

Како што информираат од центарот, интересот за вакцинирање против сезонски грип е голем. Граѓаните кои не се подвижни или од различни причини се спречени да дојдат во центарот, вакцината против сезонски грип ќе може да ја примат во нивните домови од страна на екипи кои ќе ги посетат.

Извор:OhridNews