Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија

 Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија

Бобан Мугоша, Директорот на Институтот за јавно здравје даде изјава во која најави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија.

„Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре“, објави Мугоса, пренесува „Cdm.me“, додавајќи дека  состојбата се подобрува во овие земји.
Според него, денес ќе се одржи електронска седница на Националното координативно тело, на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од споменатите земји. Дали и какви тестови ќе се прават при влез во земјата.

Одлуката да се отворат границите со овие земји е на барање на туристичката заедница.