Црна Гора се откажува од учество на Евровизија 2020

Црна Гора се откажува од учество на Евровизија 2020

Црна Гора нема да учествува на изборот за песна на Евровизија 2020, што ќе се одржи во Ротердам, Холандија, наведува ESC Today, повикувајќи се на РТЦГ.

Наводно, Црна Гора го пропуштиле рокот да потврдат дали и оваа година ќе учествуваат, потоа им бил даден дополнителен рок, но на крај сепак, тоа нема да се случи.

Од РТЦГ навеле дека направиле сè што е во нивна моќ да ја финализираат апликацијата за учество, но нештата не оделе како што тие планирале.

Црна Гора како самостојна република дебитираше на Евровизија 2007, во Хелсинки. Оттогаш учествувале неколкупати, немаат освоено значаен пласман, а често и „прескокнуваат“ и по неколку години до следно учество.

На Евровизија 2019 се претставија со песната „Heaven“ на бендот Д-Мол.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds