
ЦРВЕН АЛАРМ ВО ГЕРМАНИЈА: Ураган ја погоди земјата, поплавен делот околу Хамбург
Бурата „Иленија“ пристигна во Германија откако метеоролозите еден ден претходно предупредија дека северниот и источниот дел на земјата ќе бидат погодени од силно невреме проследено со урагански ветрови.
Противпожарните и полициските единици пријавија соборени дрвја, оштетени автомобили, помали штети на станбени објекти, но засега нема поголема штета.
„Изброивме 47 интервенции“, изјави портпаролот на пожарникарите во градот Кил, додавајќи дека е оштетена автобуската станица во Фленсбург.

Најголем проблем имаше во Хамбург. Нивото на морето во пристанишниот град се покачило толку многу што е поплавен познат пазар, а дрво кое паднало на шините го прекинал сообраќајот на метрото.
Во областа Ајмсбител во Хамбург, ветерот откорнал дрво кое паднало пред паб. Во тој момент таму имало околу 20 лица и за среќа нема повредени, пренесува порталот „24hamburg“.
Околу два часот по полноќ невремето стигна до главниот град.
„Прогласуваме вонредна состојба“, соопшти берлинската противпожарна бригада.Германската метеоролошка служба (DWD) го стави најголемиот дел од земјата „под црвено“, додавајќи дека времето не треба да се смири до четврток попладне. Особено предупредија на ураганскиот ветер кој ќе дува над 150 километри на час, јавува 24 часа.