ЦУК: Непроодни се патните правци во струшка Малесија, Горни Дримкол, Вишни и Горна Белица

 ЦУК: Непроодни се патните правци во струшка Малесија, Горни Дримкол, Вишни и Горна Белица

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за состојбата во охридскиот регион по врнежите од снег изминативе два дена.

– Во општина Струга во моментов непроодни се патните правци во Малесија (Присовјани, Збажди, Ржаново, Локов, Селце и Брчево), во регионот-Горни Дримкол (Јабланица, Нерези, Пискупштина, Модрич, Дренок, Горно Луково, Безево) како и Вишни и Горна Белица, потенцираат од ЦУК.

Според информациите на УХМР, во Охрид во моментов висината на снежната покривка е 18. сантиметри.

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерен повремено засилен северен ветер. До сабота во земјата ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет. (Крај)

извор: ЦУК

>
>