Цветна џамија во Турција: „Како да се молите во ботаничка градина“

 Цветна џамија во Турција: „Како да се молите во ботаничка градина“

– Називот на џамијата, која со текот на времето е претворена во ботаничка градина со поддршка на жителите на населбата, пред две години е сменет во Цветна џамија. Во џамијата има повеќе од 300 видови цвеќе.

Имамот Ахмет Ајдемир ја украси со цвеќе внатрешноста на џамијата во турскиот град Невшехир и ја претвори во ботаничка градина, пишува Агенција Анадолија (АА).

Ајдемир, кој започна да работи во џамијата „Таслибел“ во округот Есентепе во 1992 година, од 1995 година почнал да носи цвеќе во градината, што го одгледувал од хоби.

Називот на џамијата, која со текот на времето е претворена во ботаничка градина со поддршка на жителите на населбата, пред две години е сменет во Цветна џамија. Во џамијата има повеќе од 300 видови цвеќе.

„Почнав да носам цвеќе од својата куќа во 1995 година. И на другите им се допадна тоа, па и тие почнаа да донесуваат од своите домови. Нашата цел е да ги направиме џамијата, цветот, живото суштество и животната средина популарни. Верувам дека џамиите кои се домови на Алах на земјата, заслужуваат најдобро од сè. Претставува задоволство да се молиш меѓу цвеќе во оваа џамија, која е како ботаничка градина“, раскажа Ајдемир за АА.

Еден од жителите на населбата, Исмаил Ердогмуш, изјави дека верниците што доаѓаат во џамијата ги дочекува цвеќе на влезот.

„Благодарност до нашиот имам. Тој го направи ова место вакво. Како да се молите во градина“, изјави Ердогмуш.

Фејзула Окумуш дојде од Анкара. Ја посети џамијата и ја фотографираше со верниците во неа.

извор:AA

>
>