
Да му помогнеме на шестгодишниот Јане од Зрновци за лекување во Турција!
Шестгодишниот Јане Николов од с. Зрновци, Кочани,треба да оди на
операција во Турција, а родителите ги замолија хуманите граѓани да
помогнат кој колку може.
Иницијативата е од нивна пријателка која на Фејсбук го сподели апелот за
помош со фотографии и документи за лекувањето, но и видео од малиот
Јане кој сака да оздрави.
Сметката на која може да се донира е следната: 290500018338167, ТТК банка.
